-Албанците се 29,5% во општата популација и 24,3% во резидентното население, додека во градот Скопје 22,8% (од 20,04% во 2002 година).Им честитам на сите институции кои се вклучија и помогнаа Регистрацијата како процес кој започна во март минатата година со дијаспората од земјава кој заврши во септември со регистрирање на населението во државата, процес и предизвик не е лесен, но успеавме да го завршиме со успех, напиша денеска Ахмети во неговата реакција за пописот што веќе веќе ја пренесовме.
Тоа значи дека од главниот град се отселиле повеќе Македонци отколку Албанци, повеќе Македонци умреле отколку Албанци, помалку Македонци се родиле отколку Албанци. А и едните и другите живеат во исто услови. Чудно, нели? Или, и не е толку чудно.
Посебно што мошне е веројатно дека најголем дел од тие што го бојкотираа пописот се од македонска националност кои живеат во главниот град.