Во најновиот извештај на групата „Трет анализис“ (Threat Analysis) на Гугл (Google) се наведува дека руските хакери неодамна се обиделе да продрат во мрежата на НАТО и на армијата во некои источноевропски земји.
Во извештајот се посочува дека кибернападот го извршила групата „Колдрајвер“ или „Калисто“, чие седиште е во Русија.
Но, Гугл не наведува кои армии беа цел на нападот.
– Секојдневно гледаме злонамерни киберактивности, се наведува во извештајот.