Холивудската актерка Леа Ремини , која е поранешна припадничка на Сциентолошката црква во интервју за списанието LaPalme изнесе шокантни тврдења за две познати ѕвезди.

Ремини , која ја напуштила во 2013 оваа црква , вели дека Кети Холмс не смее со неа да излезе на ручек , иако биле најдобри пријателки. ,,Претпоставувам дека и двете морале да потпишат документ со кој се заколнуваат на молчење.” , вели актерката мислејќи на Кети Холмс и на Никол Кидман , поранешните сопруги на Том Круз , кој во Холивуд важи за најголем приврзаник на сциентолошкото учење.

Пред шест години Холмс договорно се разведе од Том Круз , со тоа што доби целосно старателство над 12 годишната ќеркичка.