Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека извршила „геноцид“ во Украина со цел да ја истреби „целата нација“, еден ден по откривањето на голем број тела на улиците на градот Буча во близина на Киев по повлекувањето на руските сили.

„Да, тоа е геноцид. Истребување на целата нација и народ, ние сме украински граѓани. Имаме повеќе од сто националности. Ова е уништување и истребување на сите овие националности“, изјави Зеленски за Си-Би-Ес.

Зеленски ја повика Русија „целосно да ги повлече своите сили“ со цел „барем“ да се врати на ситуацијата пред 24 февруари, кога започна руската инвазија. „Ова ќе ни овозможи да започнеме да разговараме за други прашања за ставање крај на окупацијата, како ќе живееме потоа“, додаде Зеленски.