Владата предводена од СДСМ во услови на најголемата криза, презеде навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните од ценовни шокови и помош на компаниите, соопштува владејачката партија и во денешното соопштение, кое во целост го објавуваме во продолжение:
Со ефикасната реализација на сетот антикризни мерки вредни 400 милиони евра, го штитиме стандардот на граѓаните и им помагаме на фирмите да ја сочуваат ликвидноста и да ги задржат вработените.
Само со мерката за намалување на ДДВ за основните прехранбени производи од 5% на 0%, граѓаните заштедуваат во просек по 1.500 денари.
Најголем ефект има мерката за електрична енергија. Доколку Владата не ја субвеционираше струјата, сметките за струја на граѓаните би биле околу 2.150 денари повисоки на месечно ниво.
Домаќинствата во просек имаат заштеда од 300 месечно со мерката за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% за енергенсите, односно за акцизата.
Владата предводена од СДСМ секој расположлив денар од буџетот го наменува за поддршка на граѓаните и компаниите.
Покрај овие мерки, минималната плата е двојно поголема од времето на ВМРО-ДПМНЕ, пензионерите добиваат 1.000 денари помош месечно и рекордно зголемување на пензиите, обезбедена е поддршка за ранливите категории.
СДСМ како одговорна партија продолжува со одговорни, ефикасни и издржани економски политики.
Центар за односи со јавноста на СДСМ