Владата предводена од СДСМ е силно посветена на енергетска транзиција и зголемување на производството на електрична енергија од еколошки и обновливи извори, се истакнува во денешното соопштение на владејачкиот СДСМ.

Во изградбата на овој капацитет учествуваше и бившиот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Завчера актуелниот премиер Димитар Ковачевски, со голема владина и партиска делегација од СДСМ и ДУИ, во Кичево требаше свечено да ја пресече лентата од новиот капацитет, но свеченоста им ја расипа пожар кој изби во новата фотонапонска електрана. Во продолжение го објавуваме целото денешно соопштение од СДСМ:

Во тек е тест-периодот на фотонапонската електрана во РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати, во сопственост на АД ЕСМ.

Новата фотонапонска електрана е поставена на местото на некогашниот голем загадувач и ќе снабдува со енергија 2.800 домаќинства.

Завршување на тест периодот, официјалното пуштање во употреба на оваа фотонапонска електрана, значи старт на енергетска транзиција на РЕК „Осломеј“ како и на кичевскиот регион.

За Владата предводена од СДСМ инвестициите во обновливи избори на енергија се приоритет во време кога енергијата од фосилни горива е се поскапа и се понедостижна.

Донесовме одлука и за инвестирање во проектот во гасната централа Александропули, со што обезбедуваме трајно и стабилно снабдување со природен гас.

Потпишани се и договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката, како што е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД, но и соларниот парк Стипион во Штип.

Владата предводена од СДСМ на дело ја потврдува заложбата за зголемено производство на електрична енергија од обновливи извори и намалување на зависноста од скап увоз на струја.

СДСМ продолжува да инвестира во она што е важно за граѓаните, државата, и за домашната економија.

Центар за односи со јавноста на СДСМ