Владата и полицијата покажаа како навремено и транспарентно се работи, реагира денеска владејачкиот СДСМ во врска со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.
Во соопштението СДСМ не наведува дека за два дена, двапати беа менувани официјалните соопштенија од МВР и од здравствените институции за овој трагичен настан. Прво дека несреќниот Тот бил претепан, па потоа починал од срце без видливи траги на физички повреди, за на крај да се разоткрие целиот настан.
Но, СДСМ во соопштението не заборава да потсети за едно друго убиство (на Мартин Нешковски) во времето кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, а кога СДСМ ја презеде власта нивниот тогашен премиер Зоран Заев се сликаше в затвор со убиецот и го пуштија на слобода.
Во продолжение целото денешно соопштение од СДСМ:
Очајна е желбата на ВМРО-ДПМНЕ да ја поистовети состојбата од времето на своето владеење кога осудената Јанкуловкска криеше убиства. Оваа Влада и полицијата покажаа како навремено и транспарентно се работи, по случајот беше постапено во рок од 24 часа и приведени двајца од тројца осомничени.
ВМРО ДПМНЕ кога пишува соопштенија говори од лично искуство кога од МВР си беа направиле приватна служба каде ја деградираа и омаловажуваа професијата полицаец.
Помина времето кога лични телохранители на премиер вадеа специјалци од единиците за да им бидат партиски телихранители, помина времето кога обезбедување на високите партиски функционери беа страв и трепет најголеми рекетари во државата.
Помина времето на МВРО- ВМРО кога се криеја убиства.
Центар за односи со јавноста на СДСМ