Секој четврти човек во Германија има мигрантско потекло, покажуваат официјалните бројки, објавени денеска. Ова значи дека или тие, или барем еден од нивните родители, нема германско државјанство, јави ДПА.

Минатата година, според Заводот за статистика, 22.3 милиони луѓе со странско потекло се регистрирани во Германија, што е 27,2 отсто од вкупното население.

Ова го продолжува трендот и е највисоката вредност, од почетокот на евиденцијата за ова прашање во 2005 година.

Во 2020, пропорцијата беше 26.7 отсто, додека во 2019 година – 26 проценти.

Според статистиките, Турција е главната земја на потекло на луѓето во Германија – 12 отсто, потоа Полска со 10, па Русија со шест проценти.

Околу еден процент од жителите со мигрантско потекло во Германија, минатата година дошле од Украина, вкупно околу 308.000 лица. Најголем дел од нив, живееле во Германија долги години.

– Поради неодамнешниот прилив на бегалци од Украина, бројот на луѓе со украинско мигрантско потекло може да се зголеми значително во иднина, соопшти Заводот за статистика.