Спасовски, Мојсова и Бубевски не можат да ја исперат одговорноста од себе дека криеја убиство, оставки веднаш, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ во врска со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.
Во продолжение целото соопштение:
Потребно беше медиумите да објават снимка од која се гледа дека станува збор за очигледно убиство за Спасовски да изјави дека МВР ја има снимката.
Медиумите и јавноста направија притисок, па институциите почнаа да менуваат изјави.
Спасовски првин тврдеше дека е несреќен случај, а истото го тврдеше и КАРИЛ.
Од КАРИЛ, со која директорува Мојсова првин кажаа дека на телото немало видливи траги од насилство, за на крај откако излезе снимката истата да каже дека Тот можеби имал прекин на кислород и дишењето по првиот удар.
Спасовски, Мојсова и Бубевски наместо со стручни и издржани изјави, кои би биле навремени, преку медиумите откако првин во јавноста ќе биде објавено глумат експерти и аналитичари, давајќи мислења и заклучоци.
Ништо не ги пере Спасовски и СДСМ дека се обидоа да сокријат убиство, ниту дефокусирањето со немањето лиценца за дискотеката, која нивните инспектори дозволиле да работи и не ја затвориле.
Одговорноста мора да дојде од Спасовски лично. Оставка веднаш.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ