На вчерашната седница српската Влада донесе одлука за извоз на два милиона литри масло за јадење. Одлуката е објавена денеска. Со тоа влегуваме во имплементација на договореното – да се тргне „рампата“ за основните производи, пченицата и пченката, и да почне реализацијата на договорите, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Како што рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на договорите за набавка на педигриран добиток, храна, брашно и зејтин има, нема потреба од паника и складирање резерви во домаќинствата.
-Процесот е почнат, околу 2 000 тони се веќе одобрени, продолжуваме со комуникацијата со Србија и регионот во рамки на „Отвроен Балкан“. Храна, брашно и масло има доволно, направен е увид во залихите. Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренусваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, говори дека домаќинствата непотребно складираат, рече Ниоловски.
Се прават сите напори, нагласи министерот уште еднаш, за обебзедање доволно суровини и производи стратешки за државата.
Двата милиона литри зејтин се за еден месец, можна е одлука за увоз на дополнителни количини
Од утре увозниците ќе можат да набавуваат зејтин од Србија. Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, донесена е одлуката од српска за извоз на два милиона литри, но таа се однесува за количините кои според направените проценки, ќе бидат доволни за еден месец.
Можно е, како што објасни министерот, доколку има потреба да се донесе одлука за увоз на дополнителни количини. Состојбите се следат, а комуникацијата со српските власти е континуирана.
Николовски уште еднаш апелира грѓаните да не стравуваат, зашто зејтин има. Нема потреба, потенцира, домаќинствата да купуваат повеќе од она што им е доволно, за да се складираат.
-Донесена е одлуката од српска страна за извоз. Два милиона литри зејтин од утре ќе бидат на располагање. Нема потреба од паника. Граѓаните да не се плашат и да не се грижат, има доволно зејтин за сите. Ова е прв увоз, веќе ја дизајнираме втората одлука зависно од потребите. Ова е одлука која се однесува за потребите од еден месец, но пред да помине тој период веќе се разговара за можности за дополнителен увоз, истакна Николовски.