Русија е загрижена поради зголемената активност на силите на НАТО на Арктикот и гледа ризици од „ненамерни инциденти“ кои можат да се случат во регионот, изјави денеска претседателот на Комитетот на високи претставници на Арктичкиот совет Николај Корчунов.
– Неодамнешниот пораст на активностите на НАТО на Арктикот е причина за загриженост. Уште една голема воена вежба на алијансата неодамна беше спроведена во северна Норвешка. Според наше мислење, тоа не придонесува за безбедноста на регионот, рече Корчунов.
Според Корчунов, ваквата активност го зголемува ризикот од „ненамерни инциденти“, кои освен безбедносни ризици можат да предизвикаат и сериозна штета на арктичкиот екосистем, пренесе Бета.
Тој не прецизираше на каков инцидент мисли.