Неговиот коментар уследи откако други високи функционери предупредија дека Русија денеска го започна својот долгоочекуван напад врз источниот регион.
„Сега можеме да потврдиме дека руските трупи ја започнаа битката за Донбас, која ја подготвуваа долго време. Голем дел од руската армија сега е посветена на оваа офанзива“, рече Зеленски.
Шефот на кабинетот на Зеленски претходно денеска изјави дека „втората фаза од војната е започната“. „Верувајте во нашата армија, таа е многу силна“, рече Јермак.
Украинскиот Генералштаб денеска соопшти и дека Русија извршила напад на источна Украина.
„Руските сили ги засилија офанзивните и нападните операции во неколку правци во источна Украина. Русија продолжува да формира дополнителни воени единици во окупираниот Крим и пограничниот регион Ростов“, велат тие.