Пожар избувна денеска во познатата опера „Ла Фениче“ во италијанскиот град Венеција, при што се хоспитализирани две лица поради гушење со чад.
Како што соопшти локалната полиција, станува збор за двајца членови на техничкиот персонал на операта, кои „се наголтале чад“, поради што веднаш биле пренесени во болница.
Пожарот избувнал во техничката соба на операта и за кусо време бил ставен под контрола.
Зградата на операта „Ла Фениче“, изградена во 1792 година, беше зафатена од пожар и во 1996 година. И тогаш пожарот избувна во техничката соба, поради што тој дел од објектот оттогаш е под 24-часовен надзор.
Во операта „Ла Фениче“ биле одржани светски премиери на некои од делата на Џузепе Верди и Џакомо Пучини