Кревање на ветото во јуни, па промена на македонскиот Устав. Нова блокада ќе биде целосно спротивна на нашиот национален интерес, е пораката на премиерот Петков до бугарската јавност. Во интервју за бугарската телевизија “Нова”, Петков конкретен – Македонија по отворањето на преговорите да се обврзе да ги внесе Бугарите во Уставот, односно пред отворањето на првиот преговарачки кластер.
Дека ќе има промена на македонскиот Устав бараме гаранција од Европа, која ја добивме, информира Петков. Овој процес ќе стане дел од преговарачката рамка, му соопштила претседателката на Европската Комисија фон дер Лајен при посетата на Софија, а согласност има и од македонска страна, вели шефот на бугарската влада.
Во јавноста се создава впечаток дека Петков сам сака да издејствува решение, но тоа не е така, истакнува премиерот.
Ние веќе дадовме збор пред две години дека ја пуштаме Македонија да преговара, вели Петков, а со тоа што ја блокираме не прави редок пример во Унијата.
Засега е неизвесно дали Петков ќе добие поддршка во Парламентот за да го истурка ваквиот предлог, бидејќи за негово реализирање е потребно мнозинство. Две партии од владејачката коалиција имаат тврд став по македонското прашање, а против кревање на ветото во јуни е и бугарскиот претседател.