ПРАЗНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ГОДИНАВА: По овој Велигденски викенд продолжен ќе биде и следната недела за 1-ви Мај и Рамазан Бајрам

/ 23.04.2022

Продолжен Велигденски викенд од четири дена е во тек, а потоа следува уште еден за Први мај и муслимамснкиот празник Рамазан Бајрам кога повторно во рок од една недела ќе одмараме уште еднаш.

Потоа во мај ќе одмараме уште еднаш, а следниот споен викенд е дури на 10 јуни.

Согласно со Законот за празниците на Македонија во 2022 година неработни денови се:

За сите граѓани

• 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

• 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден,
• 02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
• 02 август (вторник), Ден на Републиката,
• 8 септември (четврток), Ден на независноста,
• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
• 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,
• 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

• 22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
• 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци,
• 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 5 окомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.


Од истата категорија