Roman Charity е масло на платно од Питер Пол Рубенс, насликана во 1612 година, сега во Музејот Ермитаж, во Санкт Петербург, купена од колекцијата на Кобленц во Брисел во 1768 година.

На прв поглед сликата можеби изгледа перверзно, но приказната зад неа е од историските записи. Човекот бил осуден на „смрт од глад“ затоа што украл векна леб за време на владеењето на Луј XIV во Франција. Жената му била единствена ќерка и посетител на неговата ќелија. И било дозволено да го посетува секојдневно, но при тоа била темелно пребарувана за да не внесува храна.

Кога по 4 месеци човекот се ѕште бил жив без да изгуби од тежината, збунетите власти почнале да ја шпионираат и на нивно чудење, виделе дека ќерката, која била и млада мајка, го дои својот татко.

Судиите, тогаш сфаќајќи ги сочувството и љубовта на жената кон нејзиниот татко, го помилувале таткото и го ослободиле.

Сепак, постојат идентични приказни во повеќето култури, дури и во Кина, па дилема е дали приказната од времето на Луј 14 е автентична.