Луѓето кои ги шетаат своите кучиња се должни веднаш, на секој соодветен начин, согласно градската уредба од 11 април да го собираат животинскиот измет од улиците, парковите, градините и слични места. Казната од 750 евра е веројатно највисока во Франција, смета градскиот советник задолжен за прашања за животните, ветеринарот Лоик Домбревал.

– Кучешкиот измет може да биде вистинско зло во градовите, што на крајот резултира со стигматизирање на кучињата и особено на нивните сопственици, изјави тој за АФП.

Како поддршка на воведувањето на новата мерка, градската управа на Бержерак вели дека „сакаат да гарантираат безбедност и јавно здравје“.

Градските власти бараат од сопствениците на кучињата кога ќе одат на прошетка со своите миленици да понесат со себе „најмалку две кеси“ за собирање кучешки измет, кои се делат бесплатно, бидејќи оние што ги немаат се казнуваат со парична казна до 38 евра.

Бержерак се наоѓа на само два часа возење од Бордо и неговите жители живеат главно од туризмот, поради што градските власти посветуваат посебно внимание на чистотата и удобноста на околината.