Бугарскиот премиерот Кирил Петков наскоро нема да го посети Скопје, изјави шефицата на Кабинетот на претседателот на Владата на Бугарија, Лена Бориславова.
– Наскоро нема да има посета, бидејќи немаме документ на кој можеме да работиме врз основа на Договорот за добрососедство. Така што, како што вчера потврди и македонската страна, меѓувладината конференција се одлага се додека не видиме чекори поврзани со исполнување на критериумите и разбирање, што покажуваат заштита од дискриминација на бугарското етничко малцинство, изјави Бориславова за Бугарската национална телевизија (БНТ).
Таа нагласи дека „Бугарија не бара малцинство“ во земјава, туку вклучување на Бугарите како државотворен народ во Уставот на РС Македонија, со цел „да ги имаат сите права што ги уживаат и другите народи“.
На новинарско прашање околу „очекувањата на бугарското општество Петков да потпише некаков документ со Скопје“, Бориславова изјави дека засега не се очекува нешто такво.
Прашана дали евентуална промена на ставот на бугарската Владата во однос на ветото за старт на преговорите на земјава со ЕУ, би можело да резултира со пад на Кабинетот на Петков, Бориславова изјави дека никој на кој било начин нема да преземе чекори во тој правец.
Таа потенцира дека како што неколкупати најави и самиот Петков, промена на бугарскиот став кон ветото ќе биде можна само со постигнување на широк консензус меѓу владејачката коалиција и опозицијата.
Бориславова: Меѓувладината конференцијата во Скопје е одложена, „нема договорен документ“
Заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија во Скопје, на која требаше да учествува бугарска владина делегација предводена од премиерот Кирил Петков, е одложена затоа што „нема договорен документ“ што би покажал напредок во преговорите меѓу двете земји, изјави шефицата на Кабинетот на претседателот на Владата на Бугарија, Лена Бориславова.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бориславова во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ) нагласи дека она што бугарската Влада и лично премиерот Петков би сакале да видат е „некаков доказ дека Македонија има сериозен однос кон говорот на омраза и дискриминацијата на бугарското етничко население“.
– Затоа, следните чекори кои се очекуваат е да продолжи работата во оваа насока, изјави Бориславова, додавајќи дека министерствата за надворешни работи на двете земји активно ги продолжуваат разговорите.
Според Бориславова, „Бугарија не бара малцинство“ во земјава, туку вклучување на Бугарите како државотворен народ во Уставот на РСМ, со цел „да ги имаат сите права што ги уживаат и другите народи“.
Таа негира дека Софија е изложена на „силен надворешен притисок“ во врска со деблокадата на стартот на преговорите на Македонија со ЕУ, но нагласи дека во Бугарија во моментов има обид за внатрешно-политичка дестабилизација во однос на темата поврзана со земјава.
Според неа, Владата на Бугарија води единствена политика кон Македонија, а како „јазична грешка“ ги коментираше изјавите на шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска за разликите меѓу неа и МНР од една и надворешнополитичкиот тим на премиерот Петков од друга стана.
– Надворешната политика на Бугарија ја води Министерството за надворешни работи, односно Теодора Генчовска. Таа или нејзините заменици секогаш го придружуваат премиерот и таа лично потврди дека водат иста надворешна политика со премиерот. Останатото го препишувам на грешка во јазикот, Бугарија има единствена надворешна политика кон РСМ, додаде Бориславова.
Како што претходно јави БГНЕС, на новинарско прашање околу „очекувањата на бугарското општество, Петков да потпише некаков документ со Скопје“, Бориславова изјави дека засега не се очекува нешто такво.
Прашана дали евентуална промена на ставот на бугарската Владата во однос на ветото за старт на преговорите на земјава со ЕУ, би можело да резултира со пад на Кабинетот на Петков, Бориславова изјави дека никој на кој било начин нема да преземе чекори во тој правец.
Таа потенцира дека како што неколкупати најави и самиот Петков, промена на бугарскиот став кон ветото ќе биде можна само со постигнување на широк консензус меѓу владејачката коалиција и опозицијата.