Академик Таки Фити во 2016 година секој ден даваше изјави дека тогаш долгот на Македонија изнесува 45 проценти, а денес го нема да каже дека долгот е нарсанат на 70 отсто.
Повикот до Фити, во објавата на својот профил на Фејсбук, го упати поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.
– Може една изјава од Таки Фити за долгот? Каде е бројчаникот? Фискален часовник? Во 2016 година секој ден даваше изјави за 45 отсто долг. Сега долгот е 70 проценти. Каде е Таки Фити?- прашува Ѓорчев во својата објава.
Одговорот на реторичкото прашање е: академик Фити е во МАНУ, а бројчаниците и часовниците, откако не подновија со придавка во името меѓу Република и Македонија, не функционираат. Заклучно со тој „историскиот“ на Зоран Заев на плоштадот Македонија во Скопје.
(Д.Г.)