Рокот на дел од антикризните мерки на Владата завршува в среда, по што се очекува ново поскапување на основните прехранбени производи.
Според информациите на ТВ Сител, се очекува маслото за јадење на поскапи за 7 денари, а лебот за уште 2 денари. Млекото, пак, за најмалку 3 денари, додека табла јајца и килограм ориз би добиле повисока цена за 5 денари.
Собранието на Македонија во март ги усвои антикризните мерки предложени од Владата со кои се намалува ДДВ-то за основните производи за исхрана од 5 на нула отсто и се намалува акцизата на горивата, Владата на трговците им ја ограничи маржата на 5, односно на 10 отсто за одредени производи.
Со слободување на плаќање на ДДВ се опфатени лебот, брашното тип-400, шеќерот, маслото, кравјото млеко, месото, оризот и јајцата. Според статистиката, во април производите на мало поскапеле за над 11 проценти, а инфлицата достигна 10,5 отсто.