Економско-енергетската состојба во земјава не чини, и за жал ќе биде и уште полошо, зашто од есен не очекува уште едно поскапување на струјата, кое ќе биде далеку поголемо од првично најавените 10 отсто, е ставот на енегетските експерти по најавите нов ценовен шок од јули.

Професорот Константин Димитров за Алфа вели дека државата својата неспособност ја покрива со заеми од надвор, кои не чинат милиони, пари кои ќе ги платиме ние, граѓаните, зашто Македонија не произведува доволно струја.

– Работата ни е тешка, лошо е, но за жал ќе биде и уште полошо, зашто од есен не очекува уште едно поскапување на струјата, кое ќе биде далеку поголемо од сега што овие ни го најавуваат. Државата својата неспособност ја покрива со заеми од надвор, кои не чинат милиони кои ќе ги платиме ние, сите заедно, вели за ТВ Алфа професорот Константин Димитров.

Експертите стравуваат дека ова се прави намерно со цел да се затвори, односно да се приватизира „ЕСМ“, зашто споед досегашното искуство, свесно било намаленото производство на струја од страна на државни електрани и неодговорното работење на раководството.

– Нарочно мислам дека ова се прави, да се направи загубар, и како после ќе се продаде, за после ќе треба да вратиме кредити и ќе се продаде на барабан електростопанство, и од кога ќе се прдаде за никави пари, ќе дојде некој, ко бајаги странец и тој ќе ги затвори термоцентралите, и тек тогаш народот ќе биде „одран“, зашто сега само „го шишаат“ на нула, е тогаш и „ќе го дерат“, додава Димитров.

Изминатата зима, токму ЕСМ не успеа да ги задоволи домашните потреби, па во неколку наврати беше повлекувана скапа хавариска струја од европската мрежа, за што ЕСМ потроши милиони евра, кои потоа беа префрлени од државниот буџет, односно народни пари.

За формирање на новата цена на струјата, дел од енергетските компании веќе доставиле пресметки до Регулаторна. Но, по која цена ќе плаќаат граѓаните најмногу ќе зависи од понудата на ЕСМ за да се спречи големо покачување.

Видеото може да го отворите ТУКА.

Извор: ТВ Алфа