Патиштата ви се лоши и мора да ги поправите, и порача на власта нобеловецот Пол Кругман на денешниот економскиот форум во Скопје.
Станува збор за оние „илјада километри автопати и патишта“ со кои се фалеше бившиот премиер Зоран Заев, а продолжи и сегашниот Димитар Ковачевски, кој завчера изјави дека се потрошени над една милијарда евра за патишта во Македонија.
Нобеловецот Кругман истакна дека клучот за економски развој и привлекување на инвеститори е во добрата инфрастуктура. Во оваа глобална криза, како што рече, инвеститорите ќе ги селат фабриките на Балканот и онаму каде трошоците се пониски. Затоа треба сите да се подготвени за да можат да ги привлечат.
-Фабриките од Холандија и Белгија ако сакате да го пренесат производството тука, најважна е таа инфрастуктура за транспорт, рече Кругман нобеловец по економија
Неговата генерална оценка за глобалните случувања е дека светот нема да запдне во рецесија, но дека со забевен економски раст ќе се соочат сите држави. Инфлацијата ќе се задржи и во следните две години, но со умерени стапки на раст.