Откако вчера Владата ги укина мерките за заштита на стандардот на граѓаните и ги врати маржите и даноците на основните прехранбени производи цените од денеска во маркетите ги рушат сите рекорди.

Како што објави порталот Прес 24, маслото за јадење кое вчера се продаваше по 135 денари денеска се продава за 169 денари или 2,75 евра.

Граѓани од повеќе места велат дека од утрово значително е и поскапен и лебот, а во зависност од тоа каков тип леб, цените се повисоки меѓу 6 и 9 денари.

Како што веќе објавивме, ноќеска од полноќ поскапени се и горивата, а цените за првпат се качуваат над 100 денари за литар.