Проруската партија Хармонија победи на вчерашните избори во Латвија и може да формира влада со популистите, објавија денеска локални медиуми.
Хармонија освои 29 отсто гласови, проевропскиот либерален сојуз ФОР/Развој 12 отсто, а двете популистички партии КПВ ЛВ и Нови конзервативци секоја по 14 отсто.
Партиите во минатото правеа коалиции за да не може Хармонија да формира влада. Аналитичари сега наведуваат дека проруската партија може да се здружи со популистите.
Хармонија ќе има 24 места во Парламентот (100 пратеници), Новите конзервативци 16 и КПВ ЛБ 15. – Без Хармонија не е можна стабилна коалиција, изјави Нилс Ушаковс, претседател на партијата и градоначалник на Рига.