Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини призна дека на натпреварот против Англија неговиот тим беше надигран.
Репрезентацијата на Италија одигра нерешено со Британците во третото коло А-сегмент од Лигата на нации (0:0).
– Можеби имавме повеќе одлични шанси во споредба со нив, но генерално беа подобри. Имаа добар натпревар, не беше лесно. Ние мора да бидеме многу поубедливи, особено во нападот, мора да даваме голови. Во првото полувреме имавме три шанси кои не смееја да се пропуштат. Понекогаш правевме грешки. Но, тоа е дел од патот на растот на момците, изјави Манчини.
По три кола во третата група, Италија е прва со пет бодови, Унгарија има четири, Германија е трета со три, последна е Англија со само два бода.