Зголемените цени на бензините и инфлацијата се очекувани последици од помошта за Украина, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден на приемот во Демократскиот национален комитет.

– Но, поентата што ја истакнувам е дека тоа е навистина последователно. И нуспроизводот. И реков во тоа време, кога решивме дека ќе и помогнеме на Украина, поентата што ја истакнував беше дека тоа ќе нè чини и нас. Тоа ќе ги чини западните земји. Тоа ќе го чини НАТО. Тоа ќе ги чини европските земји и ќе не чини нас. Затоа што знаете што ќе се случи: цената на бензинот и нафтата ќе се зголемуваат, а и цената на храната, рече Бајден

Според американскиот претседател, неговата администрација се обидува да ја намали цената на бензинот во САД.

– Но, суштината е дека ќе живееме со оваа инфлација некое време. Таа постепено ќе се намалува, но ќе живееме со неа уште некое време, додава Бајден.

Тој изрази и мислење дека САД имаат добри изгледи за иднината.

– Многу луѓе се загрижени за инфлацијата, цените на храната и други прашања, но факт е дека имаме најбрзо растечка економија во светот, рече Бајден.