Македонија се уште го нема добиено предлогот на Франција за преговарачката рамка за Бугарија, но додека бил подготвуван документот имало консултации на македонската влада со француската страна.

Ова во интервју за Телма го потврди министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој сепак вели дека предлозите кои ги дава Франција се нејзини одлуки.

Османи притоа вели дека молкот од македонската влада за документот е со цел нивниот став да не стане алиби во пресрет на дебатата во Бугарија за францускиот предлог.

Шефот на дипломатијата притоа е на став дека во моментов не постои политичка волја во Софија за да се влезе во конкретни разговори по конкретните прашања, решенија и документи.

Османи за тоа дали за каков и да е предлог ќе се бара согласнот од макеоднското собрание за да продолжи процесот, во интервјуто вели и додека македонската страна не ги помине црвените линии утврдени со Декларацијата усвоена од пратениците нема потреба од такво нешто.