РАЗГOВOР ПЕНДАРОВСКИ-МИЦКОСКИ: Ако веќе одиме кон промена на Устав со 2/3, добро е опозицијата да каже што мисли

/ 21.06.2022

Претседателот Стево Пендаровски информира дека денеска разговарал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за актуелната политичка ситуција и спорот со Бугарија, пренесува Курир.

-Тој ме побара, имавме долга дискусија на овие теми. Му го кажав мојот став, ме прашуваше дали имам информации и какви, споделив тоа шго го знам. Мојот став е следен дека ако веќе одиме кон промена на Устав, а тоа бара две-третини, добро е и опозицијата да каже што мисли. Никогаш во земјава без опозиција немало две-третини во Собранието, било кој и да е на власт. Опозицијата треба да го каже своето. Владите преговораат. Одлична идеја е опозицијата од почеток да каже што мисли, рече Пендаровски во емисијата „24 анализа“.

Во емисијата, Пендаровски истакнал и дека сегашниот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов треба да биде нов амбасадор на Македонија во Соединетите Американски Држави, за што е добиена согласност и од Вашингтон.


Од истата категорија