Крадец на уметнички дела дрско во два наврати украл 16 дела од изложбениот простор на Матица во строгиот ценатар на градот.
Во првиот наврат крадец обивајќи ја задната врата влегол и ноќта сабота кон недела во 3 часот и 30 минути фатен е од камерите од обезбедувањето на објектот како ја обил касата со пари и си земал 6 слики кои стоеле на ѕидовите како дел од пропратната изложба по повод објавената монографија токму за делата на нашиот познат уметник Павле Кузманоски, пренесува ТВ Канал 5.
Откако утредента завршил увидот на полицијата истиот крадец повторно влегол во објектот и на камера е снимен како овој пат ноќеска украл уште 10 слики изработени во најразлична техника така што вкупно за две ноќи украл 16 слики од вкупно изложени 22 ретки дела изработени во маслена техника, пастели, акварели и цртежи во туш на тема „Урбани пејсажи создавани во последните 60 години.
Според авторот на делата вредноста на сликите не може да се отслика со пари бидејќи тие за него имаат поголема вредност. Голем дел од тие слики веќе имало свои сопственици од кого се позајмувани за изложбата а за спомен ќе останат фотографите од делата објавени во монографијата.
По големата кражба во седумдесетите години на минатиот век на делото на Пикасо од Музејот на современа уметност во Македонија, денес на само два дена од отварањето на изложбата во мултимедијалниот центар Матица извршена е кражба на вредни уметнички дела, вели Канал 5.