Спасувачките екипи продолжуваат да бараат прежиевани во урнатините на уништениот трговски центар во укрианскиот град Кременчук. Украинските власти тврдат дека руските сили вчера попладне намерно го бомбардирале трговскиот центар при што загинаа најмалку 18 лица, 60 се повредени а 36 се водат за исчезнати. Според нив внатре имало над 1000 луѓе.
-Видов многу ранети луѓе, изгорени луѓе, некои беа облеани во крв. Една девојка падна и помогнавме да ја извлечеме. Таа постојано паѓаше и губеше свест, но ние се обидовме да и помогнеме .
Ова е еден од најбесрамните терортистички акти во европската историја рече Претседателот Зеленски. Бара од лидерите на Г7, Русија да ја прогласат за терористичка држава.
-Рускиот удар врз трговскиот центар во Кременчук е еден од најхрабрите терористички акти во историјата на Европа. Мирен град, обичен трговски центар, внатре се жени и деца, обични цивили.
Русија демантираше дека го нападнала трговскиот центар, туку тврди дека таргетирале магацин со западно оружје во непсоредна близина. Оганот од тој магацин потоа се проширил на трговскиот центар кој не бил во функција тврди руското министерство за одбрана. Доколку Киев сака војната може да заврши до крајот на денот порача Кремљ.
Украинската страна може да ја прекине „специјалната воена операција“ до крајот на денот. Потребно е само да се даде наредба на националистичките трупи и украинските борци да го положат оружјето. А Украина треба да ги исполни барањата на Руската Федерација. Сè може да биде готово до крајот на денот.
Нападот на трговскиот центар во Кременчук е воено злосторство. Русија не може и не смее да ја добие војната“, порачаа лидерите на Г7, порачувајки дека ќе продолжат со поддршката за Украина и со санцкиите за Русија се додека биде потребно.