Топлотен удар и исцрпеност најверојатно се причина за трагедијата. Во еден од најсмртоносните инциденти во трговијата со луѓе долж границата меѓу САД и Мексико во камионот кој што шверцувал 62 лица, 16-мина се повредени и пренесени во болница. Противпожарната служба соопшти дека меѓу повредените има четири малолетни лица, кои што биле дехидрирани. Полицискиот оддел за миграција вели дека случајот го пријавил работник кој што чул повик за помош, пренесе Канал 5.

„Дојдовме на истражиме и ја најдовме вратата на приколката делумно отоврена, штом погледнавме видовме неколку починати лица внатре.“- Вилијам Мекманус, Шеф на полиција.

„Мигрантите кои што бараат засолниште секогаш е хуманитарна криза, но вечера се соочуваме со ужасна човечка трагедија“.-Рон Ниренберг, Градоначалник на Сан Антонио.

Истрагата ја продолжиле федерални агенти,а усапсени се три лица. Сеуште не е познато како некој се осмелил да превезува 62 лица во камионската приколка вчера кога температурата на воздухот во Сан Антонио, што се наоѓа на околу 250 километри од границата со мексико, вчера изнесувала 39,4 степени целзиусови.

„ Пациентите кои што ги видовме беа жешки на допир, тие страдаа од топлотен удар, беа исцрпени и немаше знаци на вода во возилото ниту пак фриждер.“-Чарлс Худ, Шеф на одделот за противпожана заштита.

Камион бил пронајден во близина на железничка пруга во оддалечена област на јужната периферија на градот, локалното население е згрозено од случката. На американско-мексиканската граница изминатите месеци регистрирани се рекорден број илегални премини, што предизвика критики за имиграциската политика на САД, по што мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард инцидентот го нарече „Трагедија во Тексас“.