Воз прегази две лица на железничката пруга помеѓу Гевгелија и Демир Капија. Несреќата се случила утринава околу 2.20 минути, кога товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Трубарево ги прегазил лицата кои лежеле на пругата. Иако полицијата објави дека се мигранти, се’ уште не може да се потврди нивниот идентитет бидејќи немале документи за идентификација.
Од Центарот за управување со кризи во Гевгелија велат дека обидот за нелегален премин на македонско-грчката граница не е многу поголем од вообичаениот за овој дел од годината.