Тиаго Силва сака да стане тренер

/ 09.10.2018

Одбранбениот фудбалер на пари Сен Жермен, Тиаго Силва призна дека би сакал да стане тренер. Сепак, 34-годишниот Бразилец не знае кога ќе ја заврши кариерата.

– Не знам кога ќе престанам да играм, не можам да кажам. Друга улога во ПСЖ? Би сакал да станам тренер по завршувањето на кариерата. Ова е она што најмногу би сакал во моментот, изјави Силва.

Триесет и четири годишниот Бразилец професионалната кариера ја почна во РС Фуцебол во 2002 година. Оттогаш играше и за Хувентуд, Порто Б, Динамо Москва, Флуминезе, Милан и ПСЖ.

Во националниот тим Силва е од 2008 година.


Од истата категорија