Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратици исклучи можност од враќање на Пол Погба во редовите на италијанскиот шампион.

– Ние го почитуваме, сакаме и сме во комуникација со Погба, но во ниту еден момент не сме размислувале да го вратиме во Торино.

– Немаме такви амбиции и тој не е во нашите планови, соопшти Партици. Погба е незадоволен од третманот што го има кај тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, па се шпекулираше за негово враќање во Јувентус.

Оваа сезона италијанскиот првак се засили со Кристијано Роналдо.