Венецуелскиотопозициски политичар Фернандо Албан изврши самоубиство со скок од 10-ти кат од зградата на разузнавачката служба вокоја бешезатворен поради сомневање дека е вмешан во експлозијата на воена парада вопочетокот на август.
Албан (50) бил пратеник во градското собрание на Каракас и беше уапсен минатиот петок поради наводна вмешаност во експлозијата на два дрона за време навоена парада што ја водеше претседателот Николас Мадуро.
– Во момент кога требало да биде пренесен во суд, додека се наоѓал во ходникот на зградата, тој скокнал од прозорецот и смртно настрадал,изјави Нестор Реверол, министер за внатрешни работи.
Опозициската партија „Правда на прво место“ каде Албан бил член, тврди дека одговорност за смртта има Владата на Мадуро.