Добитник на наградата за човекови права „Вацлав Хавел“ што ја доделува Советот на Европа, е активистот Ојуб Титиев, кој од јануари е во затвор во Чеченија.
Титиев е шеф на огранок на рускиот Центар за човекови права „Мемориал“ во Чеченија, а во негово име наградата ја прими претседавачот на одборот на Центарот.
Организацијата Амнести интернешнел го оквалификува Титиев како „еден од најхрабрите руски борци за човекови права“, кој повеќе од девет години ја води канцеларијата на центарот „Мемориал“ во Грозни.
На таа позиција пред Титиев беше Наталија Естемирова, која беше киднапирана и убиена во 2009 година.