Група од десетина лица, очигледно провокатори упаднаа на народниот протест пред Собранието. Тргнаа од кај Жена парк, по што ја преминаа полициската ограда и повеќе од половина час неколкумина од нив се обидуваа да предизвикаат судир со полицискиот кордон. Гледајќи го тоа, мирниот народ се повлече и си замина од пред Собранието.

Насилници, срамота, и што сега, што направивте?, коментираа некои од присутните

Групата која ја премина оградата почна да фрла со делови од калдрмата по зградата, по што скршија и прозори од парламентот.

После 21 и 30 часот, полицајците ги потиснаа насилниците до тротоарот кај Жена парк, а некои од насилниците беа одведени од полицајците.

Во моментов пред Собранието има неколку десетици луѓе, а некои од нив бараат да бидат пуштени тие кои полицијата ги приведе.

Горната фотографија односно скриншот е направен околу 21 и 15 часот, кога полицијата беше пред влезот во Собранието, а само неколкумина половина час се обидуваа да ја испровоцираат. Договорите на некои од нив можеа да се чујат кога минуваа покрај камерите од присутните медиуми кои емитуваа во живо, а поставени на десниот крај од парламентот.

Овде веќе се гледа дека станува збор за пет до десетина лица, додека тие кои останаа на протестот, мирно стојат на улицата. Како што споменавме, кога агресивноста на тие неколумина лица стана преголема, полицијата реагираше и ја стави ситуацијата под контрола, но и ова е доволно за владините телевизии и медиуми да започнат со пропагандата со цел да се уплаши народот и да се намали енергијата на демонстрантите кои немаат ни најмалминтерес за судир со полицијата.

Засега се знае дека неколумина се приведени, а еден полицаец е повреден.