Растот на цените, особено на храната и горивата, во Албанија продолжи и во месец јуни, силно погодувајќи го џебот на граѓаните.

– Тоа  услови понатамошен раст на  инфлација која во јуни достигна ниво од 7,4 отсто, што е највисока стапка во последните две децении пренесува Топ чанел.

Според Институтот за статистика, ИНСТАТ, раст е забележан кај сите продукти и услуги.

– Кај транспортот и прехранбените производи забележени се двојно повисоки цени. Токму овие две групи се оние за кои албанските граѓани трошат најголем дел од нивниот семеен буџет. Во групата исхрана највисоки се цените за млекото и млечните производи, житото и производите од нив, како и зеленчукот и овошјето, наведува телевизијата, наведува телевизијата.

Инфлацијата во мај беше 6,7 отсто, во април достигна стапка од  6,2 отсто, во март беше 5,7, додека во февруари 3,9 отсто.

За да ги ублажи нагорните ценовни притисоци,  преку монетарната политика, Централна банка на Албанија, пред два дена повторно  ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 отсто и таа сега изнесува 1,25 проценти.