НЕНАСИТНОСТ И СИРОМАШТИЈА: За едно гоштевање на Маричиќ 17.000 денари или цела плата со која македонско семејство живее цел месец

/ 09.07.2022

Бојан Маричиќ министерот на заевизмот само за едно гоштевање платил 17.000 денари, народни пари. Тоа е една месечна плата со која преживува едно македонско семејство цел еден месец. Тоа говори за лицемерието и раскалашеноста на власта. Бараат од граѓаните да го стегаат ременот, а тие ги јадат народните пари, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што беше информирана јавноста, за една година Маричиќ потрошил над 313 илјади денари за ручеци. Било јадено пастрмки, бифтеци, шницли, јунешки мускул во сос, па се залевало со жестоки појалоци, мастики, узо, сортни вина итн се во реномирани и ексклузивни ресторани.

Кога половина милион луѓе живеат во сиромаштија со 150 денари дневно, гоштевањата на Маричиќ се бесрамни.

Но ова не е се. Маричиќ за една година со народни пари платил, или ако сакате испил, 43 илјади кафиња од кафулето во сопственост на лице блиско на Зоран Заев. Ова е само потврда дека власта на СДСМ троши безмилосно, додека народот гладува и едвај врзува крај со крај.

Премногу е! Ова мора да престане!- пишува во соопштението на опозициската партија.


Од истата категорија