Во оваа зграда во Одеса, Украина, од 1909 до 1913 година живеел и работел македонскиот учен и културно-национален деец Крсте Петков Мисирков, пишува на таблата.
Дали сега Украинците ќе треба да ја сменат оваа табла со тоа што наместо „макеоднскиот научник“ ќе стои „бугарскиот“?
Престојот на Мисирков во Одеса бил исполнет со многу активности. Тој бил вклучен во работата на Историско-филолошкото друштво, а таму го подготвил за печат и првиот број од списанието „Вардар“ и го предал во печатница. За жал, немал доволно финансиски средства за да го подигне отпечатениот материјал.