„Забраната и пропусниците за ковид веќе немаат никаква смисла бидејќи БА5 го заобиколува имунитетот, без разлика дали е создаден со вакцинација или инфекција. И BA5 може да се добие многу брзо, повторно. Не знаеме зошто е тоа така. И не знаеме зошто нема очекуван имунитет што научивме да го имаме“, истакна српксиот епидемиолог Предраг Кон во денешната Белградска хроника.
И покрај тоа, Кон вели дека темелната заштита од вакцинација е од суштинско значење.
„Оние кои не го добија бустерот нека го добијат. Немаат што да чекаат. Речиси задолжително за постари и имунокомпромитирани, спасува животи и тешки форми на болеста. Не треба да чуди што бројот на заразени достигнува 10.000. Зголемување ќе има во следните две недели, но повторно потенцирам, ова стана лесна болест“, изјави Кон
Тој силно препорача маски во затворен простор и засилена доза, бидејќи ќе има некои што ќе се борат.
„Не можеме да го промениме еволутивниот тек на вирусот“, заклучи.