Венчавката на принцезата Евгенија,черка на војводата од Јорк и внука на кралицата Елизабета Втора, за Џек Бруксбанк, ќе се одржи в петок во Виндзор.

Тоа е втора кралска венчавка во оваа година, но се чини дека нема премногу интерес на медиумите и јавноста,објавија британски медиуми. Евгенија (28) се мажи за Џек Бруксбанк (32) во истата црква во која се венчаа и Хари и поранешната американска актерка Меган Маркл.

Принцезата Евгенија од Јорк, помладата ќерка на принцот Ендрју у Сара Фергусон, деветта во редот за наследство, Британците ја сметаат на помалку важен член на кралската фамилија.

Би-Би-Си нема во живо да пренесува од настанот бидејчи сметаат на мала гледаност пто спореднив е неисплатливо. Но,венчавката ќе биде пораскошна од онаа на Хари.И поскапа. Свадбата ќе чини околу три милиони фунти, и ќе плати Елизабета Втора и војводата од Јорк. Гостите ќе ги забавува италијанскиот операски пејач Анреа Бочели, ќе има 850 гости во однос на 600 кои беа кај Хари и Меган.