Подгорица – Маж на возраст од 50 години се обидел во Подгорица да побегне по сослушување во полицијата така што влеголво реката Морача и се обидел да ја преплива. Сепак, полицијата го стигнала и го привела.

Според полицискиот извештај, мажот по сослушување кај државен обвинител заради основано сомневање дека извршил кривично дело загрозување безбедност, пред зградата на таа институција се обидел да побегне така што истрчал во правец на Морача и во близина на мост се спуштил до реката. Потоа влегол во водата и се обидел да ја преплива на спротивната страна.

Дел од минувачите ја регистрирале потерата со камера.