ВМРО-ДПМНЕ: Едностраната изјава дадена од МНР, на чие чело е Бујар Османи, е негација на македонскиот јазик и предавство на нацијата

/ 22.07.2022

Едностраната изјава за јазикот дадена од МНР е негација на македонскиот јазик и предавство на нацијата,  се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Изјавата дека македонскиот јазик е јазик кој се заснова на територијата на денешна Република Македонија е груб фалсификат на научната вистина. Македонскиот јазик е јазик кој се заснова и на неговите дијалекти кои се простираат и надвор од Република Македонија. Ова е став на официјалната наука и како таков македонскиот јазик е признаен и од ОН. Дијалектното простирање на македонскиот јазик ги надминува државните граници. Македонскиот јазик е жив јазик и тој се проучува на голем број филолошки катедри низ светот. Власта со ваквата изјава го негира и сака да ја изврти научната вистина. Дополнително историјата на македонскиот јазик не почнува од 1944 година, кога е кодифициран, туку многу пред тоа. Tоа не го кажува ВМРО-ДПМНЕ тоа е наука и становиште на науката кое е докажано, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

За овие предавства, се додава во соопштениетом ќе има одговорност.

– Ковачевски ќе одговара за носењето на државата во подредена положба, додаваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.


Од истата категорија