Една жена загина во рускиот град Сочи, каде два дена имаше обилни врнежи од дожд по што се случија поплави.
Во Сочи во петокот навечер за само два часа наврнаа речиси 90 милиметри дожд, а синоќа за еден час повеќе од 50 милиметри.
„Поплавени се патиштата и приземјата на многу куќата, а оштетени се и повеќе од 50 автомобили“, изјави градоначалникот Алексеј Копајгородски.
РИА Новости објави дека плажите се затворени за капење. Се очекуваат нови врнежи. Деновиве во неколку земји во светот, како што се Јемен, Иран, Пакистан, имаше жртви во поплави.