Македонскиот првак Шкупи не успеа да направи вечерва да го елиминира хрватскиот Динамо од Загреб во квалификациите за пласман во групите на ЛШ и доживеа минимален пораз од 1-0 на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Човек кој го постигна единствениот погодок беше Аријан Адеми на стартот од второто полувреме, кога остана сам во шеснаесетникот и без проблем го совлада домашниот голман Наумоски.
Првиот натпревар заврши 2:2 па Динамо ги продолжува натпреварите во ЛШ.
Ова не е крај за евро настапите на Шкупи. Тие продолжуваат во третото квалификациско коло од Лигата на Европа и ќе се борат за пласман во групната фаза.