Со т.н. ноќен радар 260 санкции за брзо возење на територија на цела држава, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Македонија.
– Во текот на изминатата вечер (27/28.07.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на РС Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 260 возачи. Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 218 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 42 надвор од населено место, соопшти МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.