Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми добил кривична пријава од Јавното обвинителство.

Злоупотреба на службената положба и овластувања, насилство и малтретирање во вршење на службата се трите дела поради кои директорот Муареми добил кривична пријава од Основното јавно обвинителство, објави порталот Нетпрес, кој ја објави кривичната пријава.

Претходно Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција по пријава од група граѓани изврши претрес во Управата за финансиска полиција. По претресот Управата поднесе претставка до јавниот обвинител затоа што наредбата не ги исполнувала формалните и материјалните-суштински основи за да биде издадена.

Според Управата, со наведените дејства била нанесена голема штета на угледот на институцијата, на сите нејзини вработени и на угледот и интегритетот на нејзиниот директор, како и „намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем“.

На чело на ЈО за гонење организиран криминал и корупција е јавната обвинителка Вилма Русковска.

Опширниот текст може да го прочитате ТУКА.