Силно невреме денеска го зафати Охрид.
Невремето било краткотрајно, но интензивно кое предизвикало материјални штети. Силниот ветер откорна покрив од станбена зграда на улица „Мирче Ацев“ чии делови оштетиле повеќе куќи и автомобили во соседството. За среќа нема повредени.