Бугарскиот коментатор на натпреварот меѓу ЦСКА Софија и Македонија Ѓорче Петров не ја испушти можноста да ја вмеша политиката и политичките прашања во дуелот од Конференциската лига на УЕФА.
Некаде пред карјот на првото полувреме, при водство на бугарскиот тим од 1:0, без да биде испровоциран од ништо, наместо да ги коментира случувањата на теренот, си зеде за право да го толкува името на Македонија Ѓорче Петров.
Притоа, тој на гледачите „им објасни“ дека Ѓорче Петров бил бугарски револуционер, кој членувал во бугарската македонско-одринска револуционерна организација.
Во таа пригода, бугарскиот коментатор се пофали и дека во Софија има улица што го носи името на Ѓорче Петров.
Инаку нашиот тим губи со 4:0 и испаѓа од понатамошните натпревари, а се игра 92 минута.